Младиот 15-годишен фудбалер Давид Ангелевски, денеска го комплетираше својот трансфер во словенечкиот тим Олимпија Љубљана. Ангелевски во Словенија оди од таборот на Пелистер, каде што настапуваше досега.
Ангелевски е актуелен репрезентативец на селекцијата на Македонија до 15 години. Игра во средниот ред, и „зелено-белиот“ тим од Љубљана го препозна неговиот талент, и го ангажираше.
Ангелевски претходно беше во школата Талент од Битола до 14 години, а потоа заминува во Пелистер.
Трансферот се реализираше благодарение на екс репрезентативецот Горан Попов, и неговата агенција „Попов ГП3 спортс менаџмент“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА