Шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски е задоволен од сработеното на тимот за време на подготовките во Анталија, Турција.
Но, Захариевски потенцира дека нивото за настап во пролетниот дел од шампионатот се уште не е достигнатот, а тоа треба да биде во финалната фаза од подготовките која ќе се реализира на домашен терен.
„Работевме максимално гледјаќи да го украдеме секој миг за да го поминеме на терен, бидејќи условите во Турција во секоја смисла на зборот беа на многу повисоко ниво, за разлика од кај нас“ – вели Захариевски осврнувајќи се на подготовките во Анталија, и дополнува:
„Одигравме пет натпревари каде сите играчи имаа подеднаква минутажа, се со цел да имаме компактибилен тим за пролетниот дел од првенството. Задоволен сум од прикажаното на тренинзите и натпреварите, но сепак можам да кажам дека се уште не сме на посакуваното ниво за кое мислам дека ќе бидеме на почетокот на првенството“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА