Леброн Џејмс со златни букви се запиша во историјата на НБА лигата откако изминатата вечер го престигна Карим Абдул Џабар на првото место на вечната листа по бројот на постигнати поени во најсилното кошаркарско првенство. „Кралот“ ја надмина границата од 38,388 која ретко кој веруваше дека ќе биде престигната.
За истото доби пофалби од сите страни, а за него говореше и двократниот МВП на првенството, Никола Јокиќ кој вели дека доколку некој бара идол тоа е Леброн Џејмс.
„Никој во блиската иднина нема да може да го направи тоа што тој го направи. Тоа е неверојатно достигнување. Мислам дека тој немал момент на животна форма, тој е во животна форма во последните 20 години. Тоа не можат да го направат многу луѓе во спортот. Ако барате идол, тој е некој на кој може да се восхитувате. Секогаш е во форма, секогаш го предводи тимот, игра константно 20 години, освојува шампионати и МВП признанија“, изјави Србинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

