Леброн Џејмс испиша историја станувајќи најдобар стрелец на сите времиња во НБА-лигата, со уште еден рекорд оставајќи неизбришлив белег во најсилната кошаркарска лига во светот.
Вечната дискусија околу тоа кој е најдобар кошаркар на сите времиња дефинитивно ќе продолжи и по овој рекорд, но Леброн смета дека уште еднаш покажал дека тој го заслужува епитетот „број 1“.
„Знам дека тоа е вечна тема, ќе оставам и другите да разговараат, секој може сам да си реши, да си има тој фаворит, тоа е добра тема за муабет. Ако мене ме прашате, јас лично би се избрал себе пред било кој друг кој некогаш играл кошарка. Знам што носев на теренот од првиот ден кога дојдов во НБА и што се уште носам во арените каде што настапувам. Не кријам, секогаш чувствувам дека сум најдобриот што некогаш играл кошарка, но јасно ми е дека низ историјата имало толку многу големи играчи и чест ми е само што сум дел од тие вечни дискусии“, изјави Леброн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

