Елмас со поддршка за Турција: Моја драга земјо, заедно ќе ги надминеме овие тешки денови

Фудбалерот на Наполи и македонски репрезентативец Елиф Елмас, испрати порака за поддршка на Турција која доживеа катастрофален земјотрес во понеделникот, при што бројот на жртви во таа земја достигна блиску 9.000 лица.

Елмас, кој настапуваше во Фенербахче, во емотивна порака се огласи на социјалните мрежи.

„Моја драга земјо, оздрави побрзо! Секој прави што може. Заедно ќе ги надминеме овие тешки денови. Турција е мојата земја и јас ќе го направам мојот дел. Рака под рака и заедно ќе надминеме се“, пишува во објавата на Елмас.

Се вчитува...