Тотенхем ќе биде сериозно ослабен во клучниот дел од сезоната откако првиот голман на „спарси“, Хуго Лорис, заработи незгодна повреда на коленото за време на големото дерби со Манчестер Сити.
Лорис успеа да го доврши мечот без да прими гол од актуелниот првак, но деталните прегледи веднаш по натпреварот покажале оштетување на лигаментите. Според првичните прогнози, нема да биде неопходен хируршки зафат, но во секој случај се очекува 36-годишниот француски ветеран да отсуствува најмалку шест седмици од терените.
Ова значи дека Лорис ќе пропушти неколку важни премиерлигашки натпревари, како и двомечот од Лигата на Шампионите против италијанскиот првак Милан.
На местото на францускиот интернационалец се очекува шанса да добие искусниот Бен Форстер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

