На 46 години почина екс украински репрезентативец, играше против Македонија во 2003 година

Поранешниот украински репрезентативец Александар Радченко, почина на 47-годишна возраст. Тој во својата кариера играше на позицијата стопер, а беше дел од неколку клубови како Мариупол, Динамо Киев, Днипро, Кривбас и Волин.

За репрезентацијата на Украина одигра 17 натпревари, меѓи кои и пријателскиот одигран во Киев во 2003 година каде што Радченко одигра 90 минути, против генерацијата предводена од Драган Канатларовски за која настапуваа Седлоски, Ставревски, Митрески, Трајанов, Јанчевски, Шумуликоски, Христов…

Засега не се познати причините за неговата смрт.

Се вчитува...