Поранешниот австриски фудбалски репрезентативец Волкан Караман е убиен во Виена, по караница со негов пријател.
Австриските медиуми пишуваат дека причина за злосторството е љубомора, а двајцата пријатели прво се скарале во еден локал, по што излегле на улица каде што со пиштол било пукано во поранешниот фудбалер. Откако го убил Камаран 46-годишниот маж решил да си го одземе животот.
Караман во кариерата настапуваше за Трабзонспор, Салцбург, Ираклис, ЛАСК и уште неколку австриски екипи пред да се пензионира во 2011 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

