Шест месеци откако го објави своето повлекување од спортот, Амандин Лејно, поранешната голманка на францускиот тим, се врати во тимот на Ѓер. Таа доаѓа на местото на Силе Солберг, која до крајот на сезоната е на породилно отсуство.
Со унгарскиот тим таа освои Лига на шампиони, две унгарски првенства и еден национален куп на вкупно одиграни 149 натпревари.
„Не морав многу да размислувам бидејќи веднаш почувствував дека морам да го прифатам предлогот на клубот. Тимот речиси не се смени откако заминав, се чувствувам како никогаш да не сум заминал. Неколку тимови ми пријдоа во текот на сезоната, но јас ги одбив. Сепак, Ѓер е како мој втор дом, тоа е моето семејство. Едноставно не можев да кажам не“, изјави Лејно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА