Олимпијакос ја „прегази“ Алба сред Берлин

Тимот со најдобар скор досега во кошаркарската Евролига, Олимпијакос стигна до убедлив триумф на гостувањето во Германија кај Алба Берлин со 60-93 во првиот натпревар од 24. коло во елитното натпреварување.

Грците уште во првата четвртина тргнаа фуриозно и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност (13-28). До крајот на првиот дел домаќините успеаја да ја намалат негативата и на пауза да заминат со минус десет (25-35).

Во второто полувреме тимот од Пиреја ја покажа целата своја сила и на крајот славеше со огромни 60-93. Александар Везенков со 28 поени повторно беше прво име во таборот на Олимпијакос, додека кај поразените Олинде заврши со 16 поени.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...