Фудбалерите на Реал Мадрид се вторите финалисти на Светското клупско првенство откако во полуфиналето во Рабат вечерва славеа над африканскиот шампион Ал Ахли со 1-4. Водство за „кралевите“ од 0-1 донесе Винисиус Жуниор во 42. минута, а со овој резултат се замина на пауза.
Во вториот со голот на Валверде во 46. минута избраниците на Карло Анчелоти зголемија на 0-2. Aфриканците намалија на (1-2) со погодокот на Малуи од пенал во 65. минута. Реал не реализираше пенал преку Лука Модриќ во 87. минута. На 1-3 зголеми Родриго во 92. минута, додека конечните 1-4 ги постави Арибас во 98. минута.
Во финалето Реал Мадрид како пречка за петтата рекордна титула во ова натпреварување ќе го има азискиот Ал Хилал кој вчера приреди вистинска сензација откако го елминираше бразилскиот Фламенго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА