ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Касемиро е „клучната алка“ во Манчестер јунајтед

Фудбалерите на Манчестер јунајтед одиграа 2-2 на домашен терен против Лидс јунајтед во заостанатиот натпревар од 8. коло во Премиер-лигата. Иако имаа негатива од 0-2 избраниците на Ерик тен Хаг на крајот успеаја да стигнат до реми.

На овој натпревар поради црвен картон Тен Хаг не можеше да смета на Касемиро кој се покажува како клучна алка во тимот на „црвените-ѓаволи“. Кога е Бразилецот на теренот Јунајтед освојува по 2.3 поени по натпревар, а прима по само 0.7. Кога тој не е на терен Јунајтед има само 1.4 поени по натпревар, а прима по 2.1 гол по натпревар.

 

Се вчитува...