Феликс може да замине од Атлетико Мадрид, но за „вртоглава сума“

Жоао Феликс моментално е на позајмица во Челси, но прашање е во кој клуб ќе ја продолжи кариерата момчето кое официјално е играч на Атлетико Мадрид.

Откупната клаузула за младиот Португалец што ја постави мадридскиот клуб е астрономски 140 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми. Инаку, Атлетико на овој начин покажа дека не сака да се откаже од Феликс, кој заврши на позајмица поради конфликт со тренерот Диего Симеоне. Тој дури наводно рекол дека не сака да се врати во Мадрид, доколку Аргентинецот остане на чело на тимот.

Феликс стана играч на Атлетико Мадрид во 2019 година, во трансфер вреден дури 126 милиони евра. Сепак, Португалецот не се вклопи добро во системот на одбранбена игра што го претпочита стратегот Диего Симеоне.

Феликс одигра вкупно 131 натпревар за Атлетико и постигна 34 гола. Со Мадрид го освои трофејот во Ла лига во 2021 година.

Се вчитува...