И покрај тоа што УЕФА на крајот на сезоната ќе воведе нов формат во Лигата на шампионите, се чини како проектот на Европската Суперлига и натаму е актуелен и ќе вклучува дури 80 клубови. Денеска беше обелоденет планот на раководството на Суперлигата, натпреварување предводено од Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, околу изгледот што новото натпреварување би требало да го има, со што целосно би ја заменило Лигата на Шампиони организирана од УЕФА.
Новото натпреварување ќе се базира на резултати, односно никој ќе нема осигуран настап, а на екипите ќе им се овозможи дополнителни 14 натпревари за зголемување на приходите, пишува германскиот „Дие Велт“. Новост во однос на првиот лански план е што учество ќе се обезбедува преку резултати во домашните првенства, што не беше случај со првата визија на челниците на Суперлигата.
Компанијата А22, кој е основана за да спонзорира и помогне во проектот на почеток на Суперлигата, се консултирала со речиси 50 тимови од Европа и развива 10 правила на основ на тие разговори. Со тоа А22 отиде против правилата на УЕФА и на ФИФА за стопирање на проектот на Суперлигата, но откако Судот во Мадрид ја оневозможи УЕФА да ги санкционира клубовите, денеска се појавија информациите за новата визија за тоа како би требало да изгледаат европските натпреварувања во иднина.
Новиот предлог е сосема спротивното од она што беше најавувано на почетокот, првенствено шефовите на Реал и Јувентус. Сега се доаѓа до идеја да биде проширена или слична верзија на постојната Лига на шампионите, со таа разлика што нема да биде под капата на УЕФА, туку под капата на клубовите.
Новиот предлог на Суперлигата вклучува: 60-80 клуба, најмалку две лиги, нема повластени, пласман од националните првенства, сигурни 14 натпревари…
BREAKING: A new-look, open European Super League could contain up to 80 teams in a multi-divisional format, the competition’s chief executive has said. pic.twitter.com/AjFSAtF70j
— Sky Sports News (@SkySportsNews) February 9, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

