Поранешниот играч на Ливерпул и екс репрезентативец на Англија Џејми Карагер, кажа дека енормно високите трошења на Челси во купување на нови играчи, не значи дека „сините“ ќе имаат успех.
Челси потроши 323 милиони фунти во јануарскиот преоден рок, и повеќе од сите екипи заедно во Шпанија, Италија, Франција и Германија.
„Каква иднина го чека Челси ако потпишува осумгодишни договори? Ако по неколку сезони не се претстават добро, како тогаш тимот ќе се ослободи од нив? Или ако успеат ќе сакаат уште повеќе играчи и уште повеќе договори, а тоа значи уште повеќе пари. Огромните трошења на трансфери не го направија Челси подобар. Погледнете ја нивната позиција во Премиерлигата. Трошењето не е гаранција за успех“, рече Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

