Тодороски од Победа потпиша за Работнички

Работнички доведе уште едно засилување во пресрет на вториот дел од првенството во Првата лига. Нов фудбалер на „романтичарите“ е Филип Тодороски. Тој доаѓа од редовите на Победа и потпиша двегодишен договор со Работнички.

Тодороски е еден од најталентираните млади играчи за врска во Македонија, имаше понуди и за заминување во странство, а се наметна изминатата полусезона во дресот на Победа. Тој одигра 14 натпревари во прилепскиот прволигаш, вкупно 697 минути, и забележа една асистенција.

Тодороски е петтото засилување за Рабонтички во овој преоден рок по Филип Илиќ, Кире Маркоски, Атхе Мазари и Стефан Деспотовски, а тимот ја продолжи соработката и со искусниот Арменд Алими за кого имаше најави дека ќе замине, но на крајот остана меѓу „романтичарите“.

Се вчитува...