Роналдо, конечно, покажа квалитет: Даде четири гола за 40 минути

Кристијано Роналдо, конечно, заигра како што од него се очекува во Саудиска Арабија. Португалецот постигна четири гола за Ал Наср на гости кај Ал Вехда за победа од 0:4.

Роналдо головите ги даде од 21 до 61. минута што во просек на секои 10 минути по еден гол. Еден од головите го постигна од пенал.

Сите голови може да ги видите на следниот ЛИНК.

Со овие четири, Роналдо стигна до бројката пет гола во првенството на Саудиска Арабија.

Се вчитува...