Феникс претрпе нов пораз во НБА-лигата, овојпат на гостувањето против Атланта со 116-107, меч на кој „сонцата“ повторно беа значително ослабени. Покрај неколкуте повредени стартери, во Феникс на располагање го немаа ниту Кевин Дурант, суперстарот кој пред неколку дена потпиша со клубот и наскоро се очекува и да дебитира за тимот од Аризона. Во главна улога на синоќешниот дуел беше Тре Јанг од Атланта со дабл-дабл од 36 поени и 12 асистенции, додека кај Феникс најефикасен беше Нигериецот Окоги со 25 поени.
Денвер претрпе неочекуван пораз на гостувањето против Орландо од 115-104. Јокиќ беше на посакуваното ниво (29 поени, 12 скокови, 6 асистенции), одличен кај Денвер беше и Арон Гордон (37 поени, 14 скокови), но остатокот од тимот целосно потфрли, што резултираше со 18. овосезонски пораз на најдобриот тим во Западната конференција.
ЛА Лејкерс без помошта на Леброн Џејмс загуби пред своите гледачи од Милвоки со 106-115, меч што го реши одличната трета четвртина на гостите (23-38). Во главна улога очекувано беше Адетокумбо со 38 поени, 10 скокови и 6 асистенции, додека Шредер со 25 и Дејвис со 23 беа најдобри стрелци кај „езерџиите“, премалку за да биде избегнат пораз.
Резултати НБА:
Орландо – Денвер 115-104, Атланта – Феникс 116-107, Бруклин – Чикаго 116-105, ЛА Лејкерс – Милвоки 106-115.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

