Стоперот на ПСЖ Серхио Рамос од следната сезона ќе има нов клуб, откако парискиот клуб се реши да не му го продолжи договорот на искусниот шпански дефанзивец.
Рамос не е приоритет за клубот следната сезона, и веројатно нема да добие нов договор. Тој во првата сезона одигра само 12 натпревари, со оглед дека имаше големи проблеми со повредите. Оваа сезона игра повеќе, но мали се шансите да остане во Париз, со оглед дека ПСЖ од лето во своите редови ќе го има и Милан Шкринијар.
За Рамос се заинтерсирани неколку клубови од САД, Саудиска Арабија кои се подготвени да му понудат договор на некогашниот фудбалер на Севилја и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА