Хатајспор се повлече од турското првенство, пред повлекување и Газиантеп на Станковски

Турскиот прволигаш Хатајспор се реши да се повлече од турската Супер лига и оваа сезона повеќе нема да игра натпревари, откако разорен земјотрес го сруши до темел градот Антакија каде што се наоѓа овој клуб. Бројот на загинати се искачи на преку 21.000, а дел од играчите на Хатајспор и натаму се под урнатините.

Еден од нив е и ганскиот крилен напаѓач Кристијан Атсу кој и натаму се води како исчезнат, и покрај тоа што имаше информации дека е извлечен од урнатините, сепак, тоа не е вистина и спортскиот директор Танер Савут изјави дека и натаму се води како исчезнат.

„Хатајспор испрати писмо и не информираше дека нема да ги игра натпреварите до крајот на сезоната“, рече претседателот на турската Унија на клубови Али Коч.

И Газиантеп е пред одлука да се повлече, а таму настапува нашиот интернационалец Лука Станковски.

„Ако и Газиантеп се повлече, планираме да настапиме со 17 екипи под услов првата на овие два клуба да останат нечепнати“, изјави тој, додавајќи дека Газиантеп треба да донесе одлука.

Турската фудбалска федерација истакна дека и покрај откажувањето, двата клуба би минале без последици со оглед на новонастанатата ситуација.

Тренер на Хатајспор е прославениот голман на Фенербахче и на турската репрезенација Волкан Демирал кој што по земјотресот повика помош од целиот свет за настраданите од земјотресот.

Се вчитува...