Избрана „класата 2023“ во НФЛ „Куќата на славните“

Класот на НФЛ „Куќата на славните“ за 2023 година е објавен и ќе добие девет нови членови. Таа група е една од најголемите на сите времиња.

Еден од лидерите е Дарел Ревис, петкратен учесник на „Про Боул“ кој беше дел од фантастичната одбрана на Њујорк Џетс – со него Џетс стигнаа до финалето на АФЦ во 2009 и 2010 година. Ревис освои Супербол со Њу Ингланд Патриотс.

Потоа, тука е Џо Томас, кој блескаше за Кливленд Браунс и беше еден од најдобрите офанзивни линијаши за време на неговите 11 години во НФЛ. Тука е и Демаркус Вер, суперѕвездата на Далас Каубојс кој е во топ 10 на сите времиња во „секови“, а класата ја комплетираат Ронде Барбер, Зак Томас, Дон Кори и многу постарите Чак Хејли, Џо Клецко и Кен Рајли.

Се вчитува...