Феликс: Симеоне е добар тренер за некои фудбалери, за некои други не баш…

Жоао Феликс пристигна во Атлетико Мадрид како големо засилување од 120 милиони евра, но португалскиот ас никогаш не успеа да се наметне како еден од лидерите во овој шпански прволигаш. Тоа беше причина Феликс да инсистира на трансфер и во јануари да замине на позајмица во Челси, а одличниот напаѓач во интервју за весникот „Ас“ проговори и за односот што го имаше со Диего Симеоне  во Атлетико.

Феликс одигра 134 средби за Атлетико Мадрид, постигна 34 погодоци надополнети со 19 асистенции, а една од причините сигурно е и дефанзивната тактика на која инсистира аргентинскиот стратег.

„Дојде време да ја променам средината, бидејќи ми беше исклучително тешко да се навикнам на стилот на игра. Си заминав бидејќи ја загубив самодовербата, од контантните обиди да успеам во Атлетико и неуспесите на тоа поле. Мислам дека промената е добредојдена, како за мене така и за клубот. Не сакам да го критикувам Симеоне, сите многу добро знаат кој е тој и што се има освоено, говориме за многу квалитетен тренер. Има свој начин на разбирање на фудбалот, кој е различен од сите други тренери. Можам да кажам дека тој е добар тренер за некои фудбалери, за некои други не баш, бидејќи стилот што го практикува не одговара секому. Во секој случај, тој е квалитетен стручњак“, изјави Феликс.

Се вчитува...