Ливерпул ќе биде дополнително ослабен на претстојното градско дерби со Евертон откако Тијаго Алкантара заработи повреда поради која веќе неколку дена не тренира со остатокот од тимот.
Јирген Клоп потврди дека станува збор за повреда, но не даде точна прогноза кога точно Тијаго би можел да се врати на терените.
„Тој има проблем со колкот, чувствува болка и не може да тренира со остатокот од тимот. Тоа е се што можам да кажам во моментов, дополнително ќе треба да се консултирам со лекарскиот тим околу тоа кога би можел Тијаго пак да тренира и да игра“, истакна стратегот на Ливерпул.
Добра вест за „црвените“ е што Диого Жота е фит по повеќемесечна пауза и би требало да настапи во второто полувреме од градското дерби, а својот камбек во тимот би можел да го има и најдобриот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој веќе неколку дена тренира со остатокот од екипата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

