Стефан Ристовски повторно стрела прецизно за Динамо Загреб, откако македонскиот репрезентативец донесе водство од 1-0 и на дуелот со Истра што денеска се игра на „Максимир“.
„Модрите“ долго се мачеа да го скршат отпорот на гостите, се додека Ристовски одлично не се снајде, па со прецизен волеј удар го најде патот до мрежата. Голот на македонскиот десен бек за хрватскиот првак можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Претходно, при резултат 0-0 Динамо не реализираше пенал преку Дрмиќ, откако Аријан Адеми беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА