„Кам-бек“ на Роман Абрамович – Рускиот тајкун купува нов гигант

Познатиот руски олигарх Роман Абрамович 19 години беше сопственик на англискиот гигант Челси. Абрамович беше прв човек на популарните „Сини“ од 2003 до 2022 година, а поради немилите случувања во Украина мораше да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

На негово место неодамна пристигна Американецот Тод Боли. Милијардерот Абрамович го напушти фудбалот и буквално исчезна од сцената, а многумина ги интересира што се случува во моментов со него.

Имено, бомбастична вест сега пристигнува од Бразил. Според тамошните медиуми, славниот Русин ќе стане нов сопственик на фудбалски великан од оваа земја. Поранешниот сопственик на Челси разгледува две опции. Во игра се Атлетико Минеиро и Сао Паоло, па 56-годишникот треба да ја донесе конечната одлука деновиве. Едно е сигурно познато, а тоа е дека Абрамович планира да изгради тим кој ќе доминира и ќе биде вистински гигант во Јужна Америка

Се вчитува...