Потер: Нема Феликс да ни ги реши сите проблеми

Челси реши да се справи со проблемите со кои се соочува од почетокот на сезоната, пред се со огромни вложувања, а едно од најгласните засилувања што изминатиов период пристигна на „Стемфорд Бриџ“ е Португалецот Жоао Феликс.

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид навести дека може да биде одлично засилување за „сините“ откако пристигна во Лондон, но имаше и некои необјасниви дејства, како што е црвениот картон и суспензијата од три натпревари на своето деби.

Сега напаѓачот повторно му е на располагање на менаџерот Греам Потер за натпреварот со Вест Хем во 23. коло од Премиерлигата.

„Мислам дека Жоао е многу талентиран фудбалер. Клучната работа ќе биде да видиме како ќе се вклопи со остатокот од тимот. Главната цел е нашиот тим да почне подобро да напаѓа и подобро да се брани. Не станува збор за поединци, не е Жоао тој што ќе ги реши сите наши проблеми. Звучи како лесно решение, но не е“, изјави Греам Потер. 

Се вчитува...