Тијаго Силва останува верен на Челси

Тијаго Силва потпиша нов договор со Челси според кој и следната сезона ќе настапува во синиот дрес на Стемфорд Бриџ.

Челси потврди дека потпишале нов едногодишен договор со Тијаго Силва.

„Пресреќен сум што ја продолжувам мојата кариера со сините. Кога го потпишав мојот прв договор тука, тоа беше само за една година. Сега веќе сум во четвртата! Не можев ни да го замислам тоа, но навистина многу посебен момент за мене е што потпишав и останувам во Челси“, изјави Бразилецот. 

 

 

Се вчитува...