(ХИТ ВИДЕО): Навивач на Челси сакаше да покаже сила, па си доби нокаут од навивач на Вест Хем

Вест Хем и Челси во моментов го играат лондонското дерби како дел од 23. коло во англиската Премиер-лига.

Пред натпреварот свој дуел имаа и навивачите на двата тима, а подебелиот крај го извлече еден млад фан на „сините“. Имено пред „Олимпискиот стадион“ во Лондон тој сакаше да покаже сила кон еден повозрасен фан на Вест Хем, па на крајот си доби „нокаут“ по кој остана без свест.

Нокаутот беше прослaвен со песна од навивачите на Вест Хем.

 

 

Се вчитува...