ВАР го спаси Челси од нов срам во Премиер-лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси и трет натпревар во низа не успеаја да стигнат до победа откако во премиерниот натпревар од 23. коло во англиската Премиер-лига ремизираа 1-1 на гостувањето кај градскиот ривал Вест Хем.

Натпреварот одлично почна за „сините“ откако двоецот Енцо Фернандез/Жоао Феликс донесе водство од 1-0 по една одлична акција во 16. минута, откако седум минути претходно Феликс исто ја затресе мрежата, но неговиот гол беше поништен со ВАР. Во 23. минута уште еден гол беше поништен за Челси, откако погодокот на Хаверц беше поништен поради офсајд. До крајот на првиот дел домаќините успеаја да израмнат на 1-1 преку Емерсон во 28. минута.

Во второто полувреме домаќините преку Соучек во 83. минута стигнаа до целосен пресврт, но за среќа на Греам Потер и неговите играчи голот по ВАР беше поништен поради офсајд позиција. Соучек учествуваше во уште еден спорен момент кога во 89. минута играше со рака во својот шеснаесетник, но главниот судија не досуди пенал.

 

[deleted by user]
by insoccer

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...