Аргентинецот Франко е последното засилување за Академија Пандев во овој преоден рок (ФОТО)

Академија Пандев го заокружи зимскиот преоден рок и со последното засилување во името на Аргентинецот Нахуел Франко.

21-годишниот аргентински интернационалец стави потпис на две и пол годишен договор со Академија Пандев. Доаѓа од аргентинскиот прволигаш Росарио Централ, каде ја минал целата младинска школа.

Франко игра на позициите лев бек и лев централен дефанзивец.

„Со овој трансфер ја завршивме реконструкцијата на тимот за пролетниот дел од првенството“ – соопштија од Академија Пандев.

Се вчитува...