Арсенал е во „мини-криза“, Лестер го „потопи“ Тотенхем (ВИДЕО)

Арсенал не стигна до победа во Премиер-лигата, откако денеска на домашен терен ремизираше против Брентфорд 1-1 како дел од 23. рунда.

Откако по првото полувреме мируваа мрежите, Микел Артета во 62. минута се одлучи во игра да го внесе белгискиот интернационалец Леандро Тросар. Токму Белгиецот само четири минути подоцна го постигна погодокот за водство на „топчиите“ од 1-0. Гостите израмнија на 1-1 во 74. минута со голот на Тони.

Лестер одигра неверојатен натпревар успевајќи изненадувачки лесно да слави на домашен терен против Тотенхем со 4-1. Гостите подобро го отворија мечот и стигнаа до предност од 0-1 преку Бентанкур во 14. минута. Сепак, „лисиците“ одиграа неверојатно до крајот на првиот дел и со головите на Менди, Медисон и Ихеаначо на пауза заминаа со голема разлика од 3-1. Конечните 4-1 беа дело на Барнс во 81. минута.

Во останатите мечеви од 16 часот во Премиер-лигата: Кристал Палас – Брајтон 1-1, Фулам – Нотингем Форест 2-0 и Саутемптон – Вулверхемптон 1-2.

Arsenal 1 – [1] Brentford – Ivan Toney 74'
by insoccer

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...