Јужноамериканскиот шампион Фламенго стигна до третото место на Светското клупско првенство, откако во малото финале во „луд“ натпревар со три пенали и еден црвен картон славеше со 2-4 над африканскиот шампион Ал Ахли.
Бразилците до водство од 0-1 стигна со голот на Габриел Барбоса од пенал уште во 11. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел Африканците израмнија на 1-1 преку Ахмед Абделкадер во 37. минута.
На стартот на вториот дел Ал Ахли пропушти да поведе со 2-1, откако Малоул не реализираше пенал во 58. минута. Африканците сепак стигнаа до водство од 2-1 со вториот гол на Ахмед Абделкадер во 60. минута. Клучниот момент во натпреварот се случи во 69. минута кога Абдулфатах доби директен црвен, а со фудбалер повеќе Фламенго преку Педро во 77. минута и Габриел Барбоса со својот втор гол од пенал во 85. минута стигна до целосен пресврт (2-3). Победата ја запечати Педро со својот втор гол во 91. минута.
Al Ahly 2-[3] Flamengo – Gabriel Barbosa penalty 85'
byu/Meladroite insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

