„Терминаторот Калин“ – Ивановски со две победи во еден ден и шест и пол часа на терен до ново ИТФ полуфинале

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски имаше неверојатен ден на ИТФ фјучрсот во тунискиот град Монастир, откако одигра два маратонски меча во вкупно траење од шест часа и триесет минути и успеа да се пласира во ново полуфинале.

Тој на турнирот вреден 15 илјади американски долари прво денеска по 3.17 часа славеше на Италијанецот Андреа Пичоне со 2-1, по сетови 4-6, 7-6 и 7-5, а потоа во натпревар кој траеше повеќе од три часа беше подобар исто така со 2-1 (7-5, 2-6 и 6-1) против вториот Италијанец Федерико Јанаконе.

Утре во полуфинале Ивановски ќе се сретне со уште еден (трет) Италијанец Фабрицио Андалоро.

Се вчитува...