Фудбалерите на Аталанта славеа на гостувањето на „Олимпико“ во Рим против Лацио со 0-2 во дерби натпреварот од денешната понуда во 22. коло во италијанската Серија.
Давиде Запокаста во 23. минута донесе водство за гостите од Бергамо со 0-1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел судбината на „лацијалите“ ја запечати Расмус Хојлунд кој во 65. минута ги постави конечните 0-2.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА