Галтие пред Баерн Минхен: Загрижен сум, ПСЖ е многу ослабен

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие изрази загриженост во пресрет на натпреварот против Баерн Минхен во 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

Парижаните во пресметката со „Баварците“ влегува по два порази по ред од Марсеј во Купот и од Монако во првенството. Згора на тоа Мбапе и Меси најверојатно нема да играат поради повреди.

„Против Монако на нашите акции им недостасуваше интензитет. Ова е состојбата на тимот во моментов. Чудно е, но вистина. Тоа е реалноста. Загрижен сум за натпреварот во вторник. Да видиме дали некој од играчите кои не играа со Монако, ќе може да играат во вторник. Ослабени сме значително, но во ваков период не треба да се губи главата. Го разбирам бесот на навивачите“, рече Галтие.

Се вчитува...