Победа со девет засилувања го заокружи зимскиот преоден рок

Прилепска Победа со значително изменет тим ќе ја очекува пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Прилепчани зимскиот преоден рок го заокружија со девет нови имиња, меѓу кои како најнови засилувања се промовирани Владимир Дујовски и Оливер Стоименовски.

26-годишниот Дујовски доаѓа од редовите на Каменица Саса, а претходно има настапувано и за Брегалница, Кит Го Пехчево, Малеш Берово и Хоризонт Турново. 23-годишниот Стоименовски, пак, доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров, а претходно бил дел и од екипите на Борец од Велес, Работнички, како и азербејџански Карабах.

Во редовите на Победа нови имиња од зимскиот преоден рок се и Израелецот Салем Фавахри, Ване Јованов од Каменица Саса, напаѓачот Андреј Кудијан од Кожуф, Арменд Алиу од Гостивар, Лука Трајковски од Борец, како и српските интернационалци Василије Делибашиќ и Миодраг Петковиќ.

Се вчитува...