Академија Пандев одигра нерешено 1-1 против Детонит во пријателски натпревар на фудбалскиот центар Пандев во Струмица.
Единствениот гол за Академија Пандев беше дело на Ване Крстевски во 25. минута.
Ова беше последен натпревар за избраниците на Александар Васоски пред почетокот на првенството, во кое „академците“ ќе се борат за опстанокот во Првата лига.
Претходно Академија Пандев го совлада тимот на Кожуф, а на подготовките во Анталија одигра четири натпревари, на кои забележа една победа и три порази.
Денеска се одигра уште еден пријателски меч. На стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, Победа го совлада Борец со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА