Гвардиола постави нов рекорд во Премиерлигата

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола, постави нов рекорд во Премиерлигата по број на победи во првите 250 натпревари во Премиерлигата.

Сити денеска на свој терен ја совлада Астон Вила, и со тоа Пеп стигна до 184-тата победа во 250 натпревари. Претходниот рекорд го држеше Јирген Клоп, кој имаше 160 победи во исто толку натпревари.

Жозе Мурињо, кој беше тренер на Челси, Манчестер Јунајтед и Тотенхем имаше 158 победи. Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер имаше 146, додеак Бенитез 138.

Се вчитува...