Само девет минути му беа потребни на Елиф Елмас да постигне гол за Наполи. Влезе во игра во 70. минута на местото на Пјотр Зиелински, и постигна гол во 79. минута.
Одлична топка доби од Ди Лоренцо, и од прва стрелаше во долниот лев агол од голот на Кремонезе, за водство од 3-0. Елмас запечатува победа на Наполи и чекор напред кон скудетото.
Претходно Кварацхелија и Осимен донесоа 2-0 за „наполитанците“ кои со оваа победа се зацврстуваат на врвот на табелата во Италија.
Со овој гол Елмас стана трет најдобар стрелец во Наполи сезонава, во која веројатно ќе биде шампионска за тимот од Неапол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА