Кензас Сити е спектакуларниот освојувач на Супербоул 57 откако во финалето славеше против Филаделфија со 38-35 по целосен пресврт во второто полувреме. Еден од најзаслужните за успехот беше Патрик Махоумс кој и покрај тоа што се повреди пред крајот на првото полувреме успеа да се врати во игра во вториот дел и да биде клучен фактор за победата.
Со тоа тој ја освои и МВП наградата спојувајќи ја и онаа од регуларниот дел од сезоната па не го криеше задоволството од успехот.
„Благодарен сум им на неуспесите. Тие ми овозможуваат многу повеќе да ценам тоа што сега стојам тука како шампион. Горд сум на успехот. На полувремето се предизвикавме самите да бидеме подобри, дека треба да играме на свое ниво. Им дадов дознаење на соиграчите дека работевме многу напорно за да стигнеме до овој момент и дека мораме да уживаме во него, да се бориме до крај“, изјави Махоумс.
#champs pic.twitter.com/yTd4d8I9eg
— Patrick Mahomes II (@PatrickMahomes) February 13, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

