Словенечки кошаркар: Платив на сметка за помош на Турција, а банката ми зеде провизија

Словенечкиот кошаркар Клемен Препелиќ уплатил парични средства за помош на настраданите од силниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, но е разочаран од тоа што банката во која ги уплатил средствата му земала провизија.

Тој вели дека не е важна сумата која што ја уплатил за помош на најзагрозените, но дека е разочаран дека банката му земала 50 евра провизија.

„Бев изненаден денеска кога преку хуманитарна организација испратив пари за помош во Турција и банката ми наплати 50 евра провизија. Мислам дека сите треба да бидеме обединети во вакви ситуации“, напиша играчот на Валенсија и поранешен член на Реал Мадрид и европски првак со Словенија во 2017 година. 

Се вчитува...