„Пријателското дерби“ за домаќините, Салах и Гакпо ставија крај на црната низа на Ливерпул

Ливерпул стави крај на серијата на неповолни резултати откако славеше во „пријателското дерби“ против Евертон во 23. коло од Премиерлигата против Евертон со 2-0.

Натпреварот го отвори Мо Салах со гол во 36. минута на асистенција на Нуњез, а двојната предност беше заработена во 49. минута со одлична акција која со гол ја круниса Гакпо.

Стоечки овации од публиката доби и младиот 18-годишен Србин, Стефан Бајчетиќ кој одигра неверојатен натпревар.

Се вчитува...