Позната состојбата на фудбалерот кој доживеа три мозочни удари

Фудбалерот на АЕК кој е позајмен во Зорија, Олег Данченко, доживеа троен мозочен удар, по што е хоспитализиран.

За потсетување, фудбалерот изгубил свест на тренинг, но клупскиот лекар го вратил во живот со помош на дефибрилатор. Лекарите во болницата се бореа за неговиот живот, но Олег сега е во стабилна состојба, а сите се надеваат дека Украинецот ќе излезе како победник од сето ова, пренесуваат грчките медиуми.

На почетокот на минатата година на украинскиот фудбалер му се случи страшна трагедија, кога во сообраќајна несреќа загина неговата сопруга. Инаку, Данченко играше за Черноморец, Анжи, Eнисеj, Рубин, Шахтјор, a игра на позицијата десен бек и во 2018 година доби покана да се приклучи на украинската репрезентација.

Се вчитува...