Хулк не запира: Нова „бомба“ за нов фантастичен гол (ВИДЕО)

Бразилецот Хулк продолжува со неверојатните голови за Атлетико Минеиро. 36-годишникот кој пред само пет дена постигна неверојатен гол за кој бразилските медиуми пренесоа дека бил со брзина од 120 километри на час, овој пат повторно ја затресе мрежата од слободен удар со нова „бомба“ која ретко кој очекуваше дека ќе заврши во голот.

Овој пат позицијата од десната страна на теренот на сантиметри од аут-линијата беше „невозможна“ и сите очекуваа нафрлување во шестнаестникот, но Хулк имаше друг план.

Се вчитува...