Младиот фудбалер на Јувентус Мохамед Ихатарен, повторно прави проблеми надвор од теренот. Како што наведуваат холандските медиуми, тој во неделата бил уапсен на својот родентен, бидејќи наводно ја нападнал својата девојка. Во моментов е во притвор, а ова му е само еден од низата на скандали.
Фудбалерот од Утрехт кој првите чекори ги направи во ПСВ, после неколку одлични сезони во дресот на овој тим, се пресели во Јувентус. Но, потоа се тргна наопаку. Јуве го испрати во Ајакс на позајмица, но потоа исчезна. Тимот од Торино не смета на него и веројатно ќе му го раскине договорот по најновиот скандал.
Тогашниот негов менаџер Мино Раиола, во октомври 2021 година кажа дека талентираниот фудбалер размислува и да ја прекине кариерата.
Претходно на Ихатарен му беше запален автомобилот вреден 180.000 евра, а наводно се случило поради љубовна врска. Двајцата се венчале, а потоа два дена подоцна му е запален автомобилот. Добивал и смртни закани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА