Одбрани најголемите 10 судиски грешки: Три жолти за Шимуниќ, „Божјата рака“, Евребо…

Многу судиски грешки ја одбележаа фудбалската историја, а „FourFourTwo“ состави листа на најголемите судиски грешки во историјата на фудбалот. На самиот врв е Хрватска, и добро познатата ситуација со Мундијалот во 2006 година кога Јосип Шимуниќ не беше исклучен по два жолти картони, туку дури кога доби трет.

Тогашниот судија Грем Пул стана судија со најголемата грешка некогаш. На тој потег се чудеа и коментаторите како Шимуниќ останал во игра и по два жолти картони.

На листата на десете грешки, се и „Божјата рака“ на Марадона, прекинот во 85. минута, раката на Анри…

ТОП 10 судиски грешки:

  1. Три жолти картони на Јосип Шимуниќ (Хрватска – Австрлија 2006)
  2. Судија на африканско првенство отсвири крај во 85. минута, па продолжи, па прекина во 89. минута
  3. Божјата рака на Марадона
  4. Анри игра со рака, Франција оди на ЕП (Франција – Ирска 2009)
  5. Дивјачкиот старт на Шумахер над Батистони (ЕП 1982)
  6. Хенинг Евребо и натпреварот Барселона – Челси (2009)
  7. Гол кој го постигна собирач на топки
  8. Гол кој го постигнал судија (1986)
  9. Потегот на Нани против Тотенхем (2010)
  10. Бајрон Морено и уништувањето на Италија на СП 2002 година

Се вчитува...