САД го освои златото на тимското натпреварување на СП во алпско скијање

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави стигна до златниот медал во тимскиот паралелслалом на Светското првенство во алпско скијање кое се одржува во францускиот ски-центри Куршевел и Мерибел.

Американците во состав Нина О’Брајан, Ривер Радамус, Паула Молцан и Томи Форд во финалето беа подобри од норвешкиот тим во состав Кристин Лиздал, Александер Стен-Олсен, Луиза Теа Стјернесунд и Тимон Хауган. Дел од тимот беше и Марија Тереза Твиберг која по падот во полуфиналето против Австрија поради повреда мораше да се повлече од финалната трка.

Со бронзата се закити репрезентацијата на Канада во состав Валери Грение, Џефри Рид, Брит Ричардсон и Ерик Рид кои во малото финале беа подобри од Австријците, Јулија Шајб, Доминик Рашнер, Франциска Рич и Штефан Брејнстајнер.

Утре на програмата на Светското првенство во алпско скијање е паралел трката.

Се вчитува...