Пари Сен Жермен и Баерн Минхен играат без голови 0-0 на полувреме во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Еден тврд натпревар во кој за нијанса подобар противник беа гостите, но почетните 0-0 се и најреални по првите 45 минути.
Првото полувреме го одбележа младиот Заир-Емери кој стана најмладиот фудбалер во историјата на елитното натпреварување кој стартувал натпревар во нокаут фаза. Заир-Емери во моментов има 16 години и 343 дена.
Во вториот натпревар од денешната понуда во Лигата на шампионите Милан на „Сан сиро“ по првите 45 минути има предност од 1-0 против Тотенхем. Стрелец на погодокот за „росонерите“ беше Брахим Дијаз во 6. минута.
AC Milan [1] – 0 Tottenham – Brahim Diaz 6’
byu/Golovking insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

