Баерн Минхен со предност ќе го пречека Пари Сен Жермен во реваншот на „Алијанц арената“, откако вечерва славеше на гостувањето во главниот град на Франција со минимални 0-1.
Првото полувреме кое заврши без голови 0-0 го одбележа младиот Заир-Емери кој стана најмладиот фудбалер во историјата на елитното натпреварување кој стартувал натпревар во нокаут фаза. Заир-Емери во моментов има 16 години и 343 дена.
Водство за Баварците исто како и во финалето во Лисабон во корона сезоната во 2020 година, донесе Кингсли Коман во 53. минута по центаршут на Алфонсо Дејвис. Токму францускиот репрезентативец во кариерата го носеше и дресот на „светците“ каде беше десет години и ги помина сите младински школи.
Најубавата шанса домаќините ја имаа во 74. минута кога Зомер беше феноменален и во иста акција успеа да ги скроти ударите на Мбапе и Нејмар, а потоа погодокот на Французинот беше поништен поради офсајд. Мбапе немаше среќа на овој меч бидејќи поради офсајд беше поништен и неговиот втор погодок ви 82. минута. Две минути подоцна шанса имаше и Меси, но Павар успеа да спаси чист погодок. За издвојување е и црвениот картон кој го доби фудбалерот на гостите Бенџамин Павар во 91. минута.
Во вториот натпревар од вечерашната понуда Милан на домашен терен славеше против Тотенхем со 1-0. Клучниот момент во мечот се случи во шестата минута кога Брахим Дијаз го постигна победничкиот погодок.
Реваншите од овие два натпревари ќе се одиграат на 8. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА