Нагелсман: Би бил арогантен ако кажам дека можевме да постигнеме уште 2-3 гола

Фудбалерите на Баерн синоќа направија голем чекор напред кон 1/4 финалето во Лигата на шампионите откако го совлада тимот на ПСЖ и тоа во Париз во првиот меч од 1/8 финалето со 1-0.

Стрелец на голот беше Кингсли Коман во 53. минута, а мечот го завршија со десетмина затоа што во финишот останаа без Бенџамин Павар кој доби црвен картон. Покрај голот, Баерн ја погоди и стативата, но ПСЖ имаше два поништени гола и една супер шанса преку Меси, но на крајот Зомер ја сочува мрежата.

„Ќе биде арогнатно од мене да кажам дека можевме да постигнеме уште 2-3 гола. На крајот најважно е што не примивме гол“, рече тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман.

Тренерот на Баерн смета дека влегувањето на Мбапе целосно ја сменил играта на ПСЖ.

„Мбапе може да го промени било кој натпревар. Неговото влегување ги разбуди играчите, навивачите. ПСЖ со Мбапе е многу подобар тим отколку без него“, рече Нагелсман.

Се вчитува...